Каратистот Видевски го сменил исказот – негира вина за убиството на Вања и Панче
Велешанецот Боре Видевски го сменил првичниот исказ што го дал пред Обвинителството, па сега негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, пренесува Телма.
Тој првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното. Ова го потврдил неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.
-Обвинетиот во исказ пред јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење, изјавил Манев.
Видевски во највисокиот суд бараше да му се определи куќен притвор, бидејќи немало основи да биде држен во затворот во Шуто Оризари.
Врховен суд ја одби жалбата со што Видевски останува во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…
Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…