Ковачевски на средба со поранешните лидери на СДСM
Претседателот на СДСМ во оставка Димитар Ковачевски организирал состанок со неговите претходници, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Владо Бучковски за да разговараат за внатрепартиските избори за ново раководство, објави Сител.
На средбата која се случила пред десетина дена се разговарало како да се спречат грешките од претходните избори, но и што би требало да биде главна цел на новото раководство. Првична цел според поранешните лидери на новото раководство треба да бидат локалните избори следната година со фокус на општините во кои може да се оствари позитивен резултат, а втора и поважна цел следните парламентарни избори.
Изборите за ново раководство во СДСМ се закажни за 30 јуни, а засега интерес покажаа повеќе членови меѓу кои и Венко Филипче, Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Виктор Божиновски а се уште размислуваат и Стефан Богоев, Шилегов и Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…