(Видео) Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ разочара многу гласачи: Ќе го почитуваме Преспанскиот договор и ќе изговараме Северна

t

Не траеше долго отпорот, пркоста и непокорот кон Преспанскиот договор на ВМРО-ДПМНЕ, па така само неколку недели откако претседателката Гордана Силјановска Давкова го кажа зборот Македонија, тој исчезна од нејзините соопштенија, твитер објави, јавен говор па дури и од лентата на венецот по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Рим.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во гостувањето во емисијата Анализа на телевизија 24 јасно беше запрашан по однос на употребата на името Северна Македонија и во неколку наврати повтори дека Договорот од Преспа е реалност.

-Ние во многу наврати исто така рековме дека Договорот од Преспа е реалност, прифатена, не ја негираме реалноста, не го негираме Уставот. Не можеме да негираме и тоа дека кога станува збор за правниот промет влезен е Договорот од Преспа, вели Левков.

На прашањето дали ќе го употребуваат Северна Македонија во изјавите, Лефков одговор да.

-Kaко што реков да ќе го почитуваме кога станува збор за институционална примена да. Институционална примена мислам на пример во документи, називи, формално користење на името во меѓународни институции, посочи тој.

На прашањето дали ќе го изговараат Северна, Лефков вели дека и тоа било дозволено.

-Ви реков да и тоа е дозволено, вели Лефков.

На потпрашање од водителката по однос на изјавата на Мицотакис дека очекува јасна изјава од ВМРО-ДПМНЕ дека името на државата е Северна Македонија тој накратко одговори: „Апсолутно да“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада,…

Трговската војна меѓу САД и Канада влезе…

ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди…

ПЕТ скенот од кој завбиси животот и…

(Видео) Кинези снимени како ја потопуваат зелката…

Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека…

Трагедија во Косово: 26-годишен маж ја убил…

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била…

Исланд гласа за враќање на преговорите со…

Исланд ќе гласа за тоа дали да…