Таравари: Го разбирам Ахмети, не е навикнат да биде опозиција
Еден од лидерите во коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, го коментира неприфаќањето на партискиот шеф на ДУИ, Али Ахмети, по 16 години непрекинато на власт да оди во опозиција.
„Го разбирам господинот Ахмети, тој не е навикнат да биде во опозиција, но полека ќе научи, зошто мислам дека е мудар човек, само му треба малку време. Во психологијата има период на емоции и афект, верувам дека ќе се стабилизира и ќе ја преземе улогата на опозиционер како што треба. Добро е секоја партија да има период во опозиција, здраво е. Верувам дека во овие четири години ќе се случат вистински реформи во ДУИ и една нова генерација политичари од ДУИ ќе ја направи ДУИ тамам опозиција и токму како што треба“, ги пренесува ТВ 21 зборовите на Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…