(Документ)Секретарот на општина Охрид се обидел да прегази човек, и му се заканувал дека ќе му го yбиe детето
Против секретарот на општина Охрид Александар Китески е поднесена пријава во СВР Охрид поради вербална и физичка закана кон граѓанин, на кој секретарот му се заканувал со неговиот и животот на неговото дете.
Според пријавата во СВР Охрид, Александар Китески на 15 мај годинава, го пресретнал извесен Јован кој го пријавил настанот во селото Белчишта, охридско, по што почнал да му се заканува со зборовите „Се познаваме копиле едно, ќе те убијам, ќе видиш што ќе ти направам, те пратан нон стоп, ќе ти го убијам детето“.
По овие вербални закани, секретарот на општина Охрид Александар Китески влегол во својот автомобил, земал залет и тргнал во правец на Јован со цел да го прегази.
Настанот е пријавен во СВР Охрид, а оттаму велат дека истрагата е во тек.
Во документот во продолжение можете да прочитате детален опис на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…
Дрон со термална камера за првпат бараше…
Планинската спасителна служба од Охрид синоќа со…