Бектеши: Ахмети наскоро ќе ги обелодени чекорите за спречување на мајоризацијата

t

Крешник Бектеши, член на ДУИ и министер за економија, вечерва најави дека лидерот на партијата Али Ахмети до крајот на неделата ќе ги обелодени чекорите што ќе бидат преземени за спречување на мајоризацијата.

– Кај нас, како членови на Претседателството на ДУИ доаѓаат идеи од страна на интелектуалци и луѓе кои придонеле многу за државата, не само Албанци, туку и од другите етнички заедници. Веќе имаме разговарано за одредени опции. До крајот на неделата ќе има конкретни чекори што ќе бидат преземени и ќе ги обелодени претседателот на партијата Али Ахмети, рече Бектеши во централниот дневник на „Сител“.

Додаде дека ДУИ не бара по секоја цена да биде во владата, но бара почитување на легитимитетот на мнозинството на Албанците и другите етнички заедници.

Претседателот на ДУИ која ја предводи коалицијата „Европски фронт“, Али Ахмети вчера на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово, соопшти дека тие се легитимен претставник на Албанците во државата, бидејќи, како што посочи, на претседателските избори победиле со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 30 илјади гласови повеќе и, според нив, шест пратеници повеќе од Коалицијата Вреди.

Во однос на реорганизацијата на државните институции што ја најавува ВМРО-ДПМНЕ, Бектеши очекува предлозите за реорганизација пред да влезат во собраниска процедура да бидат првично објавени пред јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…

Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…