Османи на средба со Блинкен, еве за што разговараа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага.
Стана збор за актуелните настани во Македонија, при што Османи брифираше за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.
“Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот” – нагласи Османи
Воедно, Османи се заблагодари за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата против корупцијата и демократскиот развој на Македонија. Ја нагласи и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, кој Османи и Блинкен заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 г.
Соговорниците се осврнаа и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Слаб земјотрес во Охридско
Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0…
Жена обвинета за обид за труење колешка,…
Жена од Западна Австралија е обвинета за…
Трамп: Погубувањето на осудениот за масакрот во…
Погубувањето на поранешниот мајор на американската војска…
Во поплавите во Истанбул загинаа најмалку три…
Најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани…
Забрана за пиење на водата од пет…
Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење…