Отварајќи врата од возилото турнал велосипедистка, жената завршила со тешки повреди
Стружанец со предна врата од возилото турнал велосипедистка која во несреќата се здобила со тешки повреди.
– На 30.05.2024 во 10.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улица „Пролетерски Бригади“ во Струга, А.Т.(66) од село Октиси, струшко, откако го паркирал патничкото возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, отворајќи ја предната врата удрил во велосипед управуван од Л.С.(63) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…
Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…
Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…
Припадници на Министерството за внатрешни работи на…
Полски аплинист падна во недостапен предел на…
Голема спасувачка операција започна денес откако полски…
Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…
Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…
Италија со нов систем за пресметка на…
Возачите што патуваат низ Италија би можеле…