Објавено на:

Шпанија го прекина прогонот на каталонските сепаратисти

t

Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, со години во егзил во Белгија, го поздрави усвојувањето на законот во шпанскиот парламент за амнестија на сепаратистите вклучени во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година како „историски ден“ во „долгата борба“ на покраината за независност.

Амнестијата го суспендира гонењето на Каталонците кои го организираа забранетиот референдум за независност во 2017 година.

„Денес беше историски ден во долгата, постоечка и нерешена борба меѓу Каталонија и шпанската држава“, рече Пуџдемон во свечениот говор во Ватерло, недалеку од Брисел, каде што се засолни во 2017 година за да избегне гонење од страна на шпанското правосудство кое завршува со овој закон.

Законот помина и покрај противењето на десницата
Шпанската левичарска влада предводена од премиерот Педро Санчес пред шест месеци објави закон кој може да опфати околу 370 Каталонци, но тој беше правно оспорен и во парламентот од десницата, поради што дури сега дојде на конечно гласање.

Законот за амнестија денеска вчера беше усвоен во парламентот со 177 гласа „за“ и 172 „против“.

Санчес претходно изјави дека законот ќе доведе до помирување и соживот во автономната покраина со 7,5 милиони жители.

Десницата протестираше, обвинувајќи го премиерот за предавство
Десничарските партии организираа протест во Мадрид во неделата, каде што проценија дека има 80.000 луѓе, а според владата на Санчес 20.000.

Десничарската Народна партија и десничарската Vox го обвинија Санчес за „предавство“.

Каталонската застапничка за независност, Миријам Ногуерас, за време на парламентарната дебата рече дека „денес е добиена битка во вековниот конфликт меѓу каталонската и шпанската нација“.

Во изминатите 14 години, Каталонија имаше влада која се залагаше за отцепување од Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…