Преку еден милион Палестинци го напуштиле градот Рафа во последните три недели
Речиси еден милион лица го напуштиле градот Рафа во последните три недели, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА), пренесуваат британските меидуми.
Градот на јужниот дел од Појасот Газа е привремен дом на повеќе од еден милион Палестинци кои избегаа од израелските напади во другите делови на енклавата.
Од почетокот на мај, израелската војска спроведува ограничена операција во Рафа, за која вели дека има за цел да ги елиминира милитантите и да ја уништи инфраструктурата што ја користи движењето Хамас, кое владее во Газа.
Цивилите се повикани да се преселат во „проширена хуманитарна зона“ на околу 20 километри.
Многу Палестинци велат дека под закана од израелските напади без разлика каде се наоѓаат и дека во последните неколку месеци постојано се движат напред-назад во Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…