Реал Мадрид по 15. пат е на врвот на Европа
Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија 15. титула европски првак, откако вечерва на Вембли во Лондон во финалето на Лигата на шампионите ја совладаа Борусија Дортмунд со резултат 2:0.
Првиот гол го постигна Дани Карвахал во 74. минута, со глава по корнер на Тони Крос, а вториот Винисиус Жуниор во 83. минута на асистенција на Џуд Белингем по грешката на Јан Матсен.
На овој начин, Борусија беше казнета за бројни грешки, особено во првото полувреме, иако голманот на мадриѓаните Тибо Куртоа одлично интервенираше по обидите на Карим Адееми и Никлас Филкриг.
Дортмунд го загуби своето второ од трите финалиња во Лигата на шампионите, а Реал има девет од девет.
Тони Крос се прости со нова титула во Лигата на шампионите, петта со Реал, вкупно шеста, а тренерот Карло Анчелоти ја продолжи трофејната серија освојувајќи ја петтата титула, трета со Реал, плус уште две како фудбалер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парови се разведуваат но продолжуваат да живеат…
Становите во Мадрид се се поскапи и…
(Видео) 200.000 демонстранти маршираа во Мадрид!
Најмалку 200.000 луѓе денеска маршираа во центарот…
Психопати насекаде: Жена претепала седуммесечно бебе во…
Седуммесечно девојче се бори за живот откако…
Петровска од Мадрид: Безбедноста на регионот е…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во…
Антивоени протести во Мадрид пред сликата на…
Неколку часа пред почетокот на Самитот на…