Марш против Законот за сурогат мајчинство во Албанија
Албанската коалиција „За семејство и живот” во Тирана, организираше “Марш за живот” во знак на несогласување со предлог-законот “Сексуален живот и репродукција” кој предвидува сурогат мајчинство, абортус за 16-годишни девојчиња без знаење на родителите, стерилизација на млади 18-годишни девојки и 23-годишни момчиња, како мерка за планирање на семејството.
Со транспаренти за живот и за традиционално семејство, држејќи во раце балони и цвеќиња, тие порачаа дека семејството е светост.
Тоа е закон против Бог, античовечки, против плодноста. Има сурогат мајки кои живеат во станови во Албанија, а тоа што се прави на црно, бараат да се легализира. Овој закон е за чист бизнис и ја претвора Албанија во земја на трговија со луѓе, обвинуваат учесниците.
Луѓето што протестираа денеска потпишааа петицијата „Манифест на животот“, која ќе биде доставена до албанскиот Парламент за отфрлање и не ставање на дневен ред на предлог- законот.
Министерството за здравство го подготви предлог-законот „За сексуално и репродуктивно здравје“ образложувајќи дека има за цел да ги гарантира сексуалните и репродуктивните права на поединците.
Против ваков закон веќе се изјаснија првите луѓе на верските заедници во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…
Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…
Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…
Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…