Објавено на:

Почина поранешниот шеф на израелската дипломатија, Дејвид Леви

t

Почина поранешниот шеф на израелската дипломатија, Дејвид Леви, беше заменик-премиер, министер за надворешни работи, министер за миграција, домување и градежништво.
Леви е роден во мароканскиот град Рабат во 1937 година, а во 1957 година се преселил во Израел.
Започна како градежен работник со средно образование, а потоа се искачи на општественото скалило, од општинско, преку синдикално, до националната политика, најмногу како член на конзервативната партија Ликуд.


Како министер за домување во 1980-тите, тој водеше проекти за подобрување на инфраструктурата за сиромашните Израелци.
Во 1990 година, Леви беше назначен за министер за надворешни работи, и беше на таа функција во три мандати.
Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека Леви ќе остане запаметен во израелската историја како симбол на национално единство и социјален ангажман.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му оддаде почит на Леви, велејќи дека тој си го трасирал својот пат, служејќи им на јавните интереси со децении. Нетанјаху истакна дека Леви оставил личен белег во политичкиот живот на својот народ, грижејќи се за сиромашните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…