Објавено на:

Русија со предупредување до САД: Не правете грешки, можат да бидат фатални!

t

Русија ги предупредува САД да не прават грешки кои би можеле да имаат фатални последици, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, коментирајќи го американското одобрување на Киев да изврши напади со своето оружје на руска територија во областа Харков.
„Би сакал да ги предупредам американските власти да не прават погрешни проценки кои би можеле да имаат фатални последици. Од непознати причини, тие ја потценуваат сериозноста на отпорот на кој може да наидат. Претседателот на Русија неколку пати зборуваше на оваа тема“, потсети Рјабков.
Тој апелираше до „оние функционери, на кои ништо не им е гајле, да одвојат малку време и да анализираат што рече Путин на прес-конференцијата по средбата во Ташкент“.
Рјабкво истакна дека во таа прилика рускиот претседател упати „многу важно предупредување што треба да се сфати максимално сериозно“.

Одговорот на Москва на нападите на Вооружените сили на Украина врз руските воени објекти, вклучително и системот за предупредување од ракетен напад, може да биде асиметричен, САД ќе ги почувствуваат последиците, предупреди Рјабков.
„Одговорите можат да бидат асиметрични. Што се однесува до позицијата на САД во овој поглед, таа е неодговорна до максимум. Киев дозволи секакви злосторства, секакви такви дејствија и не прават ништо за да ги спречат опасните провокативни чекори на нивните одделенија. Но, тие, САД, ќе ја платат цената и ќе ги почувствуваат последиците“, рече дипломатот.
Тој рече дека Русија ќе ги потисне сите украински закани за руските системи за предупредување за ракетен напад.


Рускиот дипломат ја коментираше и изјавата на началникот на специјалниот штаб за Украина во германското Министерство за одбрана, генерал-мајор Кристијан Фројдинг, кој смета дека Киев би можел да ги искористи противвоздушните ракетни системи Патриот за соборување на руската авијација над територијата на Русија.
„Знаеме дека западните земји се на пат на ескалација. Затоа, од наша страна ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се неутрализираат заканите поврзани со таа ескалација“, рече Грушко.
Истовремено, тој посочи дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен неосновано ја обвинува Русија за наводни хибридни напади на границите на земјите на НАТО.
„Тие ја префрлија вината на нас. Добро е познато дека западните земји водат хибридна војна против Русија, која вклучува голем број економски мерки“, рече Грушко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…