Пратеници од Левица на средба со швајцарската амбасадорка: „Очекуваме продлабочување на соработката“
Денес, на 3-ти јуни во ,,Струшката соба” од Собранието на Република Македонија пратениците од Левица Реџеп Исмаил и Амар Мециновиќ остварија средба со Н.Е. Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Вероник Улман, соопштија од партијата.
– На средбата се дискутираше улогата на Левица во склоп на новиот собраниски мандат како најистакната опизиција на најавеното владејачко мнозинство, но и беа потенцирани недостатоците во новиот собраниски Деловник кој ја оневозможува функционалноста на опозицијата преку интервенциите во процедурата на носење закони.
Дополнително, се разговараше и за претходната и тековна соработка помеѓу двете држави во поглед на институционалното зајакнување и поддршката кон поголема функционалност на македонското Собрание.
Очекуваме оваа соработка да продолжи и да се продлабочи, како и да се остварат дополнителни средби во текот на мандатот. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага државата да ви го врати…
Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на…
По успехот кој го имаше СДС на…