Трамп: Ако ме стават во домашен притвор, тоа ќе биде „точка на вриење“ за американската јавнос
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека доколку биде ставен во домашен притвор, тоа ќе биде „точка на вриење“ за американската јавност, која, според него, „не би го толерирала тоа“.
„Не сум сигурен дека јавноста би го толерирала тоа. Мислам дека тоа би било премногу за јавноста да го проголта. Во одреден момент би дошло до точка на вриење“, рече Трамп во интервјуто за Фокс њуз што се емитуваше денеска.
Поротата на Окружниот суд на Менхетен на 31 мај го прогласи Трамп за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие исплатите на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, која тврди дека имала афера со него.
Судијата Хуан Мерчан закажа рочиште за изрекување на пресудата за 11 јули.
Трамп, исто така, рече дека судењето било тешко за неговото семејство, особено „исклучително лошо“ за неговата сопруга Меланија.
„Имам прекрасна сопруга која мора постојано да ги слуша овие работи. Тие ги ставаат сите овие лоши имиња на одредени луѓе, а јас дури и не можам да се одбранам поради забраната за изразување. На многу начини, тоа е потешко за моето семејство отколку што е за мене“, рече Трамп, а објави американскиот Политико.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Бочварски: Не се знае до кога ќе…
Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…