Објавено на:

Пет килограми помалку за пет дена: Оваа диета е сè што ви треба пред почетокот на летото

t

Медицинската диета е спас пред летото

Диетата е веројатно еден од најбараните термини овие денови.

Како да изгубите вишок килограми и да ја вратите самодовербата е она што ги интересира многумина, а ние ви носиме медицинска диета која е вистински спас.

Медицинска диета – распоред на оброци

Ден I

Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај (без шеќер)

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1/2 шолја јогурт

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, 1 краставица или 1/2 измиена зелена салата

Ден II

Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1/2 шолја јогурт

Вечера: 1 плескавица (125 гр мелено месо), 1 портокал, 1 домат, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ден III

Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1/2 шолја јогурт, 1 зелена салата или 2 краставици, пијалак без шеќер

Вечера: 1 плескавица (125 гр мелено говедско месо), 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ден IV

Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 125 гр сирење со малку маснотии, 1 домат, 4 крекери

Вечера: 1 плескавица (125 гр мелено говедско месо), 4 крекери, 2 домати, 1 јаболко

Ден V

Појадок: 1 портокал, 4 крекери, 1 шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 200 гр варена риба или пилешко, 4 крекери, 1 домат

Вечера: 500 гр варен зеленчук, 1 варено јајце, 1 домат

• Месото и варениот зеленчук може да се зачинуваат со сушен зеленчук или кој било друг билен зачин по ваш избор.

• Плескавиците се готват на тефлонска тава за да се намали потребата од дополнителна маснотија.

• Свежите домати може да се заменат со варени домати.

Наведените намирници треба да се земаат во наведените количини и по редослед како што е напишано, а оброците да не се прескокнуваат. Само така медицинскиот начин на исхрана ќе има ефект.

• Не се препорачува самостојно исфрлање на храната, ниту пак додавање друга храна.

• Многу е важно да се елиминира шеќерот, како од пијалаците, така и од самата храна. Кафето и чајот, кои се дозволени за време на диетата, не смеат да се засладуваат ниту со вештачки засладувачи.

• Строго е забрането консумирање алкохол за време на диетата.

• Пред да започнете со оваа или која било друга диета, се препорачува да се консултирате со вашиот лекар за да се уверите дека оваа диета е добар и соодветен избор за вас и вашето тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет килограми помалку за пет дена: Оваа…

Медицинската диета е спас пред летото Диетата…

Летото може да започне: Од утре нова…

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре.…

За секси тело пред одмор: Намалете го…

Со помош на овој рецепт, многу жени…

„Рајанер“: Цените на летовите ќе се зголемат…

Извршниот директор на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл…