7 најдобри трикови за слабеење
Ова се мали трикови кои носат големи резултати.
Пронајдете поддршка
Без оглед на тоа дали тоа ќе биде меѓу вашите пријатели или пак онлајн, потрудете се да си изградите своја група, односно мини заедница со која ќе си давате поддршка и ќе споделувате совети во однос на слабеењето.
Размислувајте позитивно
Ако се сосредоточите на позитивните работи, успехот ќе дојде многу полесно. Дури и да каснете нешто што може да ве здебели, не се префрлајте веднаш на таква храна. Сфатете дека сте направиле мала грешка, а потоа вратете се на старо.
Пијте вода
Пиењето вода е клучно кога сте на диета. Таа помага за хидратација на телото, исфрлање на токсините и го намалува апетитот.
Не јадете од навика, јадете кога тоа желудникот ви го бара
Изненадувачки е колку често јадеме од навика или поради нервоза или досада. Исто така, треба да знаете дека ако ви е потребна одредена храна, тоа е желба, а не глад. Научете да направите разлика меѓу едното и другото.
Помирисајте банана, јаболко или нане
Доколку помирисате банана или јаболко, или пак нане, тоа го намалува апетитот. Научниците истакнуваат дека е тоа поради тоа што нашиот мозок добива сигнал дека сме ги изеле тие состојки.
Избегнувајте го лифтот, користете ги скалите
Користете ги скалите секогаш кога можете, одете пешки или со велосипед на работа, потрудете се да бидете активни. Тоа не само што ќе ви помогне да ги намалите килограмите, туку и ќе ви го подобри расположението.
Избегнувајте преработена храна
Избирајте намирници кои содржат свежи состојки, гответе сами или јадете свежо овошје и зеленчук. Пролетта и летото се совршени за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неверојатна приказна: Влезе како замена, освои злато…
Етиопјанецот Тамират Тола ја освои титулата олимписки…
(Видео) Илјадници луѓе на улиците во Белград…
Протестот против ископот на литиум од проектот…
Осум и шестгодишно дете исчезнаа во Грција
Грчката полиција трага по две деца кои…
Иран се пофали со ракети со боеви…
Церемонијата на испорака одржана во петокот ја…
Белата куќа: Длабоко сме загрижени поради израелскиот…
Белата куќа денеска соопшти дека е „длабоко…