Денеска се празнува Светиот маченик Василиск
Роднина на свети Теодор Тирон. Беше мачен заедно со Евтропиј и Клеоник. Кога последниве двајца беа распнати и на трети март издивнаа, Василиск повторно го вратија во затворот. Тогаш се случи смена на царските намесници, па Василиск остана долго во затворот. Со солзи Го молеше Бога да не го лиши од маченичката смрт. И после долга молитва Самиот Господ Исус Христос му се јави, му вети дека ќе му ја исполни желбата и го прати во неговото село да се поздрави со мајка му и со браќата. Тогаш дојде новиот намесник Агрипа и заповеда веднаш да му го доведат Василиск од селото. На патот од селото кон градот Амасија, преку Својот маченик, Господ изврши големи чуда, заради кои многуброен народ поверува во Христа. Агрипа му нареди на маченикот да му принесе жртва на Аполон. „Аполон значи губител!“, рече Василиск и со усрдна молитва го урна идолот во прав и со небесен оган го изгоре храмот. Уплашениот Агрипа сето тоа им го припишуваше на магиите, та нареди и Василиск го убија со меч. Тогаш Агрипа полуде и во лудилото отиде на губилиштето, најде малку од крвта на маченикот во прашината, си ја подвзра себеси под појасот, од што веднаш стана здрав. Си дојде на себеси, се покаја и се крсти. Подоцна некој Марин, граѓанин Комански (Комани се викаше местото каде што го погубија Василиск) подигна црква за моштите на маченикот и таму мнозина болни наоѓаа исцеление.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Светите апостоли Прохор, Никанор,…
Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони…
Денеска се празнува Светиот великомаченик Пантелејмон
Родум од Никомидија, од мајка христијанка и…
Денеска се празнува Преподобната маченичка Параскева
Родена е во Рим од родители христијани.…
Денеска се празнува Успение на праведна Ана,…
Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува…
Православната Црква утре го празнува споменот на…
Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај…