Објавено на:

На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата

t

На меѓурадониот аеродром во Тирана уапсени се шеснаесет припадници на граничната полиција, осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија, објавија албанските медиуми.

Според соопштението на Обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200 албански државјани депортирани од различни земји на Европската унија.

Тие се сомничат за „злоупотреба на должноста“ и „пасивна корупција“ а за “услугата” наплаќале по 500 и повисока евра.

Сопственикот на агенцијата која соработувала е уапсен пред неколку дена, откако бил фатен со наркотици. Оваа незаконска активност, според Обвинителството, траела една година – од март 2023 до март оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…

Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…