Европска Унија си ги „дупи“ и Украинците – руските пранкери Вова и Лексус добија признание од Клаус Шваб

t

Придружувањето на Украина во НАТО и Европската Унија во моментот е невозможно, но неопходно е да се одржува перспектива за придружување во иднина, рекол извршниот претседател на Светскиот економски форум Клаус Шваб во разговор со руските пранкери Вова и Лексус, пренесуваат европските медиуми.

Пранкерите на Шваб му се претставиле како економистот Жак Атали и укажале на невозможноста на стапување на Украина во ЕУ и НАТО во овој момент.

„Тоа е очигледно, но сеедно потребно е да се задржи можноста тоа да биде направено“, оценил Шваб во разговор со двајцата пранкери.

Освен тоа Шваб ја прокоментирал и ситуацијата со војната во Украина и поддржал ставање на крај на конфликтот.

„Најверојатно решението би било како она помеѓу двете Кореи. Односно, не формализирано, взаемно признавање и некоја врста на замрзнување на борбените дејствија“, нагласил Шваб.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден не ја исклучи можноста Украина да остане надвор од НАТО по завршувањето на судирот, но дека САД имаат намера да продолжат да ја вооружуваат земјата.

Весникот „Политико“ пак, повикувајќи се на пет дипломати, објави дека Европската Унија има намера да отпочне со официјални преговори за пристапување на Украина и Молдавија во ЕУ до крајот на јуни.

На самитот на ЕУ на 14. декември беше одлучено да започнат преговори за членство во ЕУ на Украина и Молдавија. Во јуни 2022, ЕУ на Украина и Молдавија и додели статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, поставувајќи неколку строги услови за формалниот почеток на преговори и нивното пристапување.

Претходно, пранкерите Вова и Лексус извршија и т.н. „хибриден напад“ на Владата на Р.Македонија кога го најдоа телефонскиот број на тогашниот премиер Зоран Заев, па во разговор со него му се претставија како генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…