Обрнете внимание: Овој чипс наскоро ќе биде забранет во цела Европска унија, може да предизвика сериозни проблеми
За многумина нема поомилена закуска од чипсот, но оној со вкус на сланина наскоро веќе нема да може да се купи.
Чипсот со вкус на чадена сланина ќе биде забранет ширум Европската унија, откако Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) открила дека популарните вештачки ароми на чад може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Имено, Европската агенција објави дека вкусот на чадот е поврзан со генотоксичност, односно способност на хемикалијата да го оштети генетскиот материјал на клетките, пренесува хрватскиот „Index“.
„Промените или мутациите на генетските информации во клетката може да го зголемат ризикот од развој на состојби како рак и наследни болести“, објаснуваат оттаму.
На крајот било заклучено дека „со ваков вид на токсичност не може да се дефинира безбедно ниво на арома“, па на крајот на април беше донесена одлука за целосна забрана. Секако, забраната за продажба на чипс со вкус на чадена сланина нема да се случи преку ноќ. Периодот на приспособување ќе трае две години во земјите-членки на ЕУ.
„По периодот на постепено укинување, тие ароми повеќе нема да бидат дозволени за употреба во ЕУ“, порачуваат од EFSA.
Не само чипс
Така, земјите-членки на ЕУ тивко се договорија за забрана на крајот на април, а аромите на чад ќе бидат целосно укинати во текот на следните неколку години низ Европа.
Но, ова нема да влијае само на чипсот, бидејќи овие ароми често се додаваат и во месата, сирењата, рибата и сосовите како што е сосот за скара.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…