Објавено на:

Ова може го имате во дворот, а немате поим: Вреди богатство, а побарувачката е огромна

t

Белиот тартуф е „крал“ меѓу тартуфите и се развива во симбиоза со корени од даб, лешник, топола и бука. Расте и во пролет, но созрева дури наесен, а плодот може да има дијаметар до 12 cm и тежина до 500 грама, иако обично се многу помали.

Месото е бледа крем или кафена боја со бела мермерна текстура. Тешко е да се најде, бидејќи неговото живеалиште е диво и не може вештачки да се одгледува. Покрај специфичните услови за одгледување, тартуфите имаат и уникатна арома, која се добива од мешавина на дожд и недопрена земја, што му дава посебен шарм на секое јадење. Покрај нивната гастрономска вредност, тартуфите се исклучително здрави.

Она што најмногу привлекува внимание е цената која варира од 2.500 до 4.500 долари за килограм, иако одредени примероци се продавани и за многу поголеми износи. Во декември 2014 година, во Италијанскиот регион Умбрија е пронајден рекорден тартуф тежок 1,89 килограми, а кој беше купен на аукција во Сотби за вртоглави милион долари.

На прашањето каде растат овие печурки, Србинот Драган Бановачки од здружението „Лисичарка“ вели дека белиот тартуф успева во речните сливови. Тој информира дека цените на црните тартуфи се движат околу 70 евра за килограм, додека белите тартуфи од прва класа, со правилен облик, неоштетени чинат „само“ 800 евра за килограм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова може го имате во дворот, а…

Белиот тартуф е „крал“ меѓу тартуфите и…

Бизнис: Српско министерство продава запленет тартуф

Министерството за заштита на животната средина денеска…