(Во живо) Владеењето на правото ќе биде основна водилка – Мицкоски вети помалку криминал, борба со корупцијата, решение за здравството и образованието

t

Сакам да се заблагодарам на претседателката Сиљановска за доделениот мандат и народот кој излезе и гласаше, самиот процес го направија демократски, а да им се заблагодарам и на оние кои не гласаа за нас, истакна денеска во изјава за медиумите мандатарот Христијан Мицкоски.

– Да не тонеме во политички препирки, да нема граѓани од втор ред, да има силен инвестициски циклус во економијата, подобрување на стандардот на живот, зголемување на пензиите, тоа се очекува од нас, многу работа. Оваа состојба во здравството, пациенти го губат животот чекајќи по ходниците да се поправи, учениците да добијат учебници, иако таму состојбата е жестока, бидејќи овој министер намерно го опструира процесот за на 1 септември да нема учебници, да имаме навреме откуп и зголемени цени на земјоделците, задоволни претставници на МВР, дипломатија која ги штити нашите интереси, вели Мицкоски.

– Истовремено владеењето на правото ќе биде наша основна водилка, нешто коешто изостануваше овие седум години, перцепцијата за криминалот и корупцијата е огромна, граѓаните се чувствуваат небезбедни, тоа е еден од главните мотиви зошто ја напуштаат државата. Тука не зборувам само за политичкиот криминал, туку и за криминалот по улиците на Македонија.

Решенијата се во платформата 1198, убеден сум дека во иднина ќе ја смениме државата, ќе биде место коешто ќе биде мотив и инспирација за они кои го напуштиле да се вратат назад, истакна Мицкоски. Тој им се заблагодари на Сиљановска, медиумите и граѓаните за изминатиот период.

Мицкоски не ги откри имињата на идните министри, бидејќи како што вели од денес почнуваат внатрепартиските преговори и преговорите со коалицијата.

Мандатарот рече дека не сака преговорите да бидат бројки и дека ги гледа етноцентристичките изјави на ДУИ.

– Можеби на тој начин сакаат да внесат етнички провокации ов соживотот во Македонија, со тоа што овие преговори за формирање на идната Влада ќе бидат сведеин на прашање колку добиме Македонците, Албанците, Турците, Србите и Власите. Ја следам внимателно таа игра, вели Мицкоски.

На прашање на Инфомакс како ја коментира изјавата на Гаши дека Косово е негова татковина, Мицкоски вели дека доколку има таква изјава Африм Гаши треба да им се извини на македонските граѓани.

– Не сум ја слушнал изјавата, од тоа што имам разговарано со господинот Гаши тој кажал дека Македонија е наша заедничка татковина. Доколку постои таква изјава треба да им се извини на македонските граѓани, бидејќи тој од овде зема плата, вели Мицкоски.

Во врска со прашањето од која влада ќе биде помошта од 1 милијада евра, Мицкоски побара трпение и вели дека сите проекти ќе бидат објавени по формирање на Владата.

– Како човек кој ќе ја предводи владата, сум обврзан да ги почитувам законите и Уставот, тука ниту сум имал ниту ќе имам дилема. Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав, тука нема никаква дилема. Секој оној којшто е дел од институциите треба да ги почитува, не можете вие да барате да се почитува Уставот, а вие да го кршите, но исто така очекувам да се градат односи на принципиелна основа. Немам намера ниту очекувам некој талибански да се однесувам. Моето човеково право е загарантирано и е над сите права. Се додека ја обавувам оваа функција, ќе го почитувам Уставот, а и потоа како лојален граѓанин. Лушето кои ме познаваат знаат дека така лесно не се изненадувам, можеби е добро да ги аргументираме позициите пред тој форум, за кој зборува претседателот на Владата на нашиот јужен сосед, вели Мицкоски како коментар на изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

– Ги замолувам медиумите да посветат внимание на тоа што има нашиот јужен сосед исполнето од договорот, а помалку да биде провокација моето загарантирано човеково право. Да видиме што требаше ние да добиеме кога се менуваше знаме, банкноти, кога се менуваше уставното име, па се ставаа пратеници во притор, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…