Српски физиотерапевт откри колку ќе паузира Ѓоковиќ
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ беше експресно опериран во Париз по повредата која ја заработи на Ролан Гарос.
Првичните прогнози беа дека Ѓоковиќ ќе се врати за најмалку три недели, па поради тоа веќе Ѓоковиќ беше „отпишан“ за настап на Вимблдон кој треба да започне на 1. јули.
Но, добра вест за Ѓоковиќ е што како што стојат работите ќе биде спремен за настап на Олимписките игри во Париз.
„Од секој аспект ова е најдобрата варијанта. Најважно е што Новак се одлучи за операција и што очигледно немал поголеми оштетувања на менискусот. Во ваква ситуација реално е да се очекува за три недели да биде спремен. Според мене за пет до седум дена ќе може да почне со праволиниско трчање, потоа ќе може да работи на формата. Сосема е реално да настапи во Париз“, изјави српскиот физиотерапевт, Доброслав Мелајац.
Во кариерата Ѓоковиќ има само еден олимписки медал и тоа бронзен од Пекинг во 2008 година. Двапати српскиот ас беше четврти (2012 и 2021), а во Рио во 2016 исапдна во првото коло од Дел Потро.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…
ФБИ со честитка до МВР за акцијата…
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ѝ честита…