(Видео) Ќе ѝ укажеме на меѓународната заедница дека Грција не го почитува Преспанскиот договор

t

Новата Влада ќе преземе дипломатска активност, за да ѝ укаже на меѓународната заедница дека Грција не го почитува Преспанскиот договор, вели во одговор на прашањето на Инфомакс мандатарот Христијан Мицкоски.

– Имаме имплементирано повеќе од се од Преспанскиот договор. Ние не можеме да имаме дипломатска активност бидејќи сме надвор од институциите, кога ќе бидеме во институциите подготвени сме тоа да го правиме, нема да водиме провокативна, офанзивна политика, немаме намера да преименуваме автопати туку да градиме мостови. Соседите мора да се почитуваат, ќе ги анализираме сите чекори и внимателно ќе влечеме потези, но немаме намера да бидеме подлизурковци, да се понижуваме самите себе, а до друга страна да ве ограбуваме вас граѓаните. Владата треба да биде слуга на народот, вели Мицкоски.

– Како човек кој ќе ја предводи владата, сум обврзан да ги почитувам законите и Уставот, тука ниту сум имал ниту ќе имам дилема. Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав, тука нема никаква дилема. Секој оној којшто е дел од институциите треба да ги почитува, не можете вие да барате да се почитува Уставот, а вие да го кршите, но исто така очекувам да се градат односи на принципиелна основа. Немам намера ниту очекувам некој талибански да се однесувам. Моето човеково право е загарантирано и е над сите права. Се додека ја обавувам оваа функција, ќе го почитувам Уставот, а и потоа како лојален граѓанин. Луѓето кои ме познаваат знаат дека така лесно не се изненадувам, можеби е добро да ги аргументираме позициите пред тој форум, за кој зборува претседателот на Владата на нашиот јужен сосед, вели Мицкоски како коментар на изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…