Погледнете: Листа на најдобрите плажи во Европа за 2024 година
Плажите со златен песок на Алгарве и Канарските Острови, дивите плажи во Грција, речните плажи совршени за семејства, за спортови на вода или уживање – сето тоа е вклучено во листата на страницата European Best Destinations.
„Почестете се со одмор во овие засолништа од чиста природа кои нудат плажи од соништата и можност да се исклучите од светот и повторно да се поврзете со себе. Време е да се ослободите“, наведува оваа страница.
Ова рангирање ги обединува најпопуларните плажи, изгласани од патниците ширум светот.
На прво место е заливот Гхајн Туфиеха во Малта, кој се наоѓа во близина на крајбрежниот град Мелиеха, кој беше награден од Европската комисија за неговата посветеност на одржливиот туризам. Заливот Гхајн Туфиеха, со своите прекрасни карпи и песочна плажа, е совршен избор за вашиот одмор.
Оваа плажа нуди високи стандарди на чистота и услуга со ресторани и снек бар. Достапни се и лежалки и водени активности.
Плажата Монте Клеригу во Алжезур, Португалија е на второто место. Со својот познат замок, кулинарската традиција, но и зачуваната природа и плажите што го одземаат здивот, како што се Амурејра, Бурдејра, Одесејше, Арифана, Монте Клеригу – Алжезур е фантастична дестинација за избор ова лето.
Плажата Олудениз во Турција е на трето место, а ја краси ситен песок и неверојатни сини нијанси на морето.
На овогодинешната листа е и Ксамил во Албанија, за кој велат дека чистата вода што ги опкружува овие острови ги прави недопрените плажи во околината уште попосебни.
Листата на топ 15 најдобрите европски плажи за 2024 година гласи:
1. Гхајн Туфиеха, Малта
2. Монте Клеригу, Португалија
3. Олудениз, Турција
4. Канали ту Ерота, Крф, Грција
5. Порто Тимони, Крф, Грција
6. Лас Тереситас, Канарски Острови, Шпанија
7. Одесејше, Португалија
8. Заливот Агиос Павлос, Родос, Грција
9. Ас Катедрајс, Галиција, Шпанија
10. Калпе, Валенсија, Шпанија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…