МВР категорично ги демантира информациите дека вработен во МНР бил фатен со дрога
Во врска со наводите изнесени во дел од средствата за јавно информирање околу некаков случај во кој возач вработен во Министерството за надворешни работи со службено возило на тоа министерство бил фатен од страна на полициски службеници при што во возилото била откриена дрога, Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира таквите информации како неточни.
Имено, на 16.04.2024 година од страна на полициски службеници при ОВР Кичево во 22,35 часот во Кичево било сопрено возило сопственост на МНР (марка „рено”) управувано од лицето Ќ.Б., при што била извршена рутинска контрола во која не биле пронајдени никакви предмети во интерес на службата. По службена должност бил доставен допис до МНР околу проверка на сопственоста на возилото и околу евентуалниот патен налог за управување на возилото кој што возачот не го доставил на полициските службеници.
Во тој смисол Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги отфрла сите шпекулации околу постоењето на некаков случај, и апелира до средствата за јавно информирање – со оглед на целосната транспарентност на министерството – сите прашања од нивен интерес да ги проверат во соодветните служби на МВР, пред тие да попримат шпекулативен и тенденциозен карактер со кој се нанесува штета и на Министерството, но и на кредибилитет на средствата за јавно информирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Муцунски на 21. Бледски стратешки форум: Во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…