Апасиев за собраниските гимнастики: АЛО ДПМНЕ, се слушаме? Со студентите имам посериозен однос од необалистов со пратениците

t

Предлог-законот за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа беше поднесен од Христијан Мицкоски, за во текот на вчерашниот ден да биде повлечен, па потоа повторно поднесен до Собраниските служби.

На ова реагираа пратениците на Левица, Реџеп Исмаил и Димитар Апасиев.

– Па јас со студентите имам посериозен однос од необалистов со пратениците.

Ало ДПМНЕ, се слушаме!? – напиша Апасиев.

– Е, новиот спикер и мандатарот вака се однесуваат кон пратениците кои добиле легитимитет да преставуваат народна волја во Собранието!

Нит деловник запазуваат ниту пак покажуваат минимум обид за да се задржи каков-таков морално-етички интегритет, нит бутур, не вртат никого ни 2%. Си закажуваат седници од вечер за утре сабајле. Во текот на ноќта го менуваат материјалот, нешто као поправаат – а никој, па ни спикерот, го нема прочитано предлогот, важно задкулисно, Мандатарот и Спикерот, во стилот на “ти мене војводо ја тебе сердаре”, си договараат брза постапка, без расправа, без анализа, без стручни мислења, носење на закон кој се занимава со една таква сериозна материја – организацијата на извршната власт! – напиша Исмаил на Фејсбук.

Седницата за измени на ЗОРОДУ е закажана за денеска со почеток во 11 часот. За измени на овој закон се потребни 80 пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Сиљановска повторно се правда: Претседателот не можел…

Став од Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…