Неколку причини зошто секој ден треба да јадете банани

t

Ако секојдневно консумирате банани, со текот на времето може да забележите некои од овие 4 здравствени придобивки.

Ќе имате повеќе енергија
Бананите се одличен извор на разни минерали, влакна и витамини, но особено се познати по содржината на калиум. Внесувањето на калиум во исхраната е од суштинско значење за мускулната функција и целокупната функција на телото. Оние што често се физички активни треба често да јадат банани бидејќи калиумот во нив помага за обновување на мускулите и спречува грчеви. Оние што не внесуваат доволно калиум имаат поголема веројатност да бидат уморни и да доживеат грчеви во мускулите.

Може да имате подобро варење
Калиумот не е единствената корисна хранлива материја по која се познати бананите; содржат и значително количество влакна. Бананите се моќен извор на влакна, кои апсолутно можат да помогнат во процесот на варење. Влакната помагаат во подвижноста и волуменот на столицата, што значи дека можат да помогнат во одржувањето на здрав дигестивен систем.

Можете да изгубите тежина
Ако се обидувате да изгубите тежина на здрав начин, вклучувањето на бананите во вашата исхрана е одлична опција за тоа. Бананите можат да поддржат здраво слабеење кога се правилно комбинирани со протеини, влакна и здрави масти.

Ова овошје е богато со отпорен скроб кој поддржува здрави нивоа на шеќер во крвта и спречува нагли скокови и падови на енергија. Овие скокови може да доведат до складирање маснотии, желба за храна, прејадување и желба за шеќер и јаглени хидрати.

Нема да се разболувате толку често
Јадејќи банани секој ден, го поддржувате имунолошкиот систем. Дел од ова е затоа што бананите го поддржуваат здравјето на цревата, но тоа е и поради хранливите материи кои се наоѓаат во ова овошје.

Бананите се одличен извор на хранливи материи, вклучувајќи калиум, магнезиум, витамин Ц, бакар, витамини од групата Б и антиоксиданси. Сите овие хранливи материи го поддржуваат имунолошкиот систем, па вклучувањето на бананите во вашата исхрана е мал начин да му помогнете на вашето тело да се заштити од штетните вируси и инфекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…

Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Ѓоковиќ сака да настапи и на Олимписките…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои…