Приведен косовски државјанин поради давање поткуп
На 06.06.2024 околу 16:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(42) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
При пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, тој со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој го пречекорил престојот во државата, да оствари излез.
Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север. К.С., исто така, бил приведен и задржан во полициска станица за понатамоишна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: Историската вистина за Холокаустот на македонските…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Емирот на Катар предупредува: Мора да бидеме…
Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад…
(Видео) Кличко до Зеленски: Каде е ПВО…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска се…
БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА…
Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова…
Полска размислува за воведување на задолжителна воена…
Полска размислува за воведување на задолжителна воена…