Утре наутро посебен сообраќаен режим во Скопје
Во интервал од 6:30 до 11:30 часот наутро, кога ќе се одржува трката, по сообраќајниците каде што ќе се движат натпреварувачите мерки за посебен сообраќаен режим ќе преземе Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје
Поради одржување на атлетска трка, утре во Скопје на неколку часа во сила ќе биде посебен режим на сообраќај.
Во интервал од 6:30 до 11:30 часот наутро, кога ќе се одржува трката, по сообраќајниците каде што ќе се движат натпреварувачите мерки за посебен сообраќаен режим ќе преземе Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
„Притоа, стартно – целната позиција на трката е од бул. ‘Јане Сандански’ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосница со бул. ‘Србија’ и бул. ‘Видое Смилевски Бато’ до крстосница со ул. ‘Владимир Комаров’, на дел од ул. ‘Васко Карангелевски’ (во двете насоки на движење), на потегот од крстосница со бул. ‘Јане Сандански’ до крстосница со бул. АСНОМ како и на дел од бул. АСНОМ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосница со бул. ‘Киро Глигоров’ и бул. ‘Србија’ се до крстосница со ул. ‘Васко Карангелевски’“,информираат од МВР.
Скопската полиција апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…