Објавено на:

Изборете се со стресот: Топ 9 антистрес производи

t

Постојат многу начини за да се намали напнатоста, a еден од најважните од нив е здравиот избор на храна. Правилната исхрана и консумирањето на одредени производи можат да го намалат стресот и неговите последици.

1. Целер
Целерот има голем спектар на смирувачки ефекти. Студиите покажале дека консумирањето на 4 стебленца целер дневно може да го намали крвниот притисок, кој е еден од првите симптоми на стрес.

2. Лук

Лукот е користен повеќе од илјада години поради неговите антибактериски, антивирусни и антидепресивни својства. Овие својства ќе ви помогнат да ја намалите воспаленоста, a тој влијае и на циркулацијата на крвта, го одржува нивото на шеќер во крвта и ја поттикнува детоксикацијата на организмот. Сите овие својства се симптоми на стрес.

3. Лиснат зеленчук

Во лиснат зеленчук спаѓаат брокулата, карфиолот, зелката, кељот, кинеската зелка и ренот. Овие зеленчуци содржат сулфурни соединенија кои ги стимулираат ензимите кои се важни за сопирање и спречување на ширењето на канцерогените промени.

4. Мрсна риба

Сите видови мрсна риба, како што се скушата, лососос, пастрмката и сардината се богати со омега-3 масни киселини, магнезиум и цинк, кои имаат благотворно дејство на мозочните функции и здравјето на срцето и го намалуваат непосакуваниот ефект на стрес.

5. Камилица

Познато е дека чајот од камилица може многу да ви помогне за несоница, нервоза и стомачни проблеми. Камилицата исто така го зголемува нивото на хипурна киселина и ги спречува инфекциите (истата супстанца може да се најде во брусниците и боровинките).

6. Чоколада

Дури и пред да започнат Европејците да додаваат шеќер во чоколадата, Ацтеките го пропагирале горчливиот вкус на какаото, поради неговите позитивни ефекти врз здравјето. Истражувањата покажуваат дека 40 грама темна чоколада на ден може да ѝ помогне на личноста да се носи со стресот, додека истовремено го ослободува хормонот на среќата во мозокот, познат како бета-ендорфин.

7. Ореви

Овие плодови се богати со витамин Б, цинк, магнезиум и омега-3 масни киселини – хранливи материи кои телото ги согорува кога сме вознемирени. Како извор на здрави масти, оревите го намалуваат апетитот, секако го балансираат нивото на шеќер во крвта, ја намалуваат желбата за слатки и му помагаат на метаболизмот.

8. Маслиново масло

Маслиновото масло е главна состојка во медитеранската исхрана. Докажано е дека може да помогне во спречувањето на депресијата и да помогне кај воспаленијата. Постојат докази дека маслото штити од оксидативниот стрес, кој е главната причина за срцеви заболувања.

9. Шумски плодови

Шумските плодови се богати со антиоксиданси кои помагаат во циркулацијата, функциите на мозокот и го спречуваат предвременото стареење на кожата, често предизвикано од хроничен стрес. Шумските плодови содржат и еден вид киселина – супстанца која помага да се исфрлат токсините од телото и го регулира холестеролот и хормоните кај жената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Жена во инвалидска количка го подбра Мицкоски:…

Граѓаните реагираат на изјавата на Мицкоски дека…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Приведен Германец кој пливал до претседателската вила…

Охридската полиција информира за приведен германски турист,…