Се урна руски воен авион, загина целиот екипаж
Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија поради техничка неисправност, а екипажот загина, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Во Република Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион Су-34 на руските воздушни сили се урна за време на редовен тренинг лет“, се вели во соопштението, а пренесува РИА Новости.
Се додава дека авионот се урнал во ненаселена област.
Во соопштението се наведува дека, според прелиминарните информации, причина за падот на авионот е техничка неисправност и дека на местото на падот на авионот пристигнала воена истражна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…
Едно лице загина, а други се повредени…
Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…
Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…
Турција се подготвува за првиот лет на…
Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…
Како на филм: Украински пилот пребегна во…
Пилотот веќе се наоѓа на руска територија…
ПАНИКА ВО АВИОНОТ НА ВИЗЕР ОД БЕЛГРАД…
Патниците од Белград кои полетаа од аеродромот…