Серија земјотреси го стресоа Крит за помалку од половина час
Најмалку три земјотреси утринава го погодија грчкиот остров Крит за помалку од половина час, јавува EMSC.
Првиот земјотрес е регистриран во 7 часот и 57 минути по наше време и бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Само три минути подоцна, точно во 8 часот, следеше нов земјотрес, со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Најсилниот земјотрес досега е регистриран во 8 часот и 17 минути, исто така на овој грчки остров. Измерено е 4,2 степени според Рихтеровата скала, пренесува EMSC.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес го погоди Крит
Грчкиот остров Крит денес беше погоден од…
Земјотрес го погоди грчкиот остров Крит
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…
Земјотрес рано утрово во Словенија
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…
Силен земјотрес на Камчатка
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според…