Спасовски: Сѐ што ДПМНЕ критикуваа изминатиот период сега го прават
Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието во интервју за Слободен Печат ги истакна ветувањата и најавите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и ги спореди со сегашната состојба.
„Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, сметајќи дека тоа е заради ефикасност. Имате барање дајте ни 61 пратеник, не сакаме да зависиме од албанските политички субјекти, сакаме да имаме македонско национално единство – со 58 ги имате истите работи: не е Таљат Џафери, туку Африм Гаши, претседател на Собрание, тоа што најмногу им сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и се случи 27 април на кој ќе нѐ убиеа во Собрание. Имате ветување дека никако нема да соработуваме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ, ДУИ мора во опозиција и еве го демантот на втора седница на Собрание, повторно договарање со ДУИ. Се’ она што критикуваа изминатиот период, сега го прават”, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…