(Видео) СРАМОТА: Наставник натепал ученик со аутизам

t

Наставникот по физичко образование А.С. во основното училиште „Абдил Фрашери“ во Боговиње брутално го малтретирал својот син со аутизам, кој воедно бил и негов ученик.

На видео снимката која е објавена на повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставникот, го тепа ученикот, а потоа го соборува на земја.

– На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на полицијата од ПС Камењане, во Боговиње-Тетово, го лишиле од слобода лицето С.А.(42) по претходна пријава од лицето А.А.(45) од истото село, бидејќи на 05.06.2024 година во училишниот двор во селото, физички го нападнал својот малолетен син – велат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него, ќе следи соодветниот поднесок, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АМСМ: Останува на сила забраната за сообраќај…

Сообраќајот на државните патишта се одвива по…

Зимата пристигна во Скопје: Врне снег, а…

Зимски временски услови ја зафаќаат земјава и…

Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…

Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…

Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…

Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…

Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…

Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…