На девојче од Србија му растат три различни видови коса
Малата Софија од Лесковац има три години и „три вида“ коса на главата. Ако се гледа од напред – нејзината коса е кафена и права, во профил од едната страна девојчето има големи кафеави локни, а на другата страна на лицето, покрај кафените прамени, ќе видите и руси, ситни, или како што некои ги нарекуваат – „афро“ кадрици, објави „Н1“.
Нејзината мајка раскажува дека оваа необична коса почнала да расте по првиот роденден на Софија. Таа вели дека контактирала и со педијатар, но и со личните фризери – сите ѝ рекле дека никој никогаш не виделе такво нешто и не ја знаат причината.
Во однос на одржувањето, сè уште учиме и не знаеме што да правиме, особено што има три типа коса на главата… Ја чешламе само кога косата е мокра, вели мајката.
Пред извесно време се дозна и за две момчиња од Крагуевац и од Лебане кои имаат тн. „синдром на непослушна коса“ – необична појава кога влакното расте нагоре и „му пружа отпор“ на чешлањето. Таткото на момчето од Крагуевац изјави дека за другото момче дознале на интернет, бидејќи педијатрите првпат виделе ваква коса.
Мајката на Софија вели дека знае за случаите од соседните градови во јужна и средишна Србија, но вели дека случајот со нејзината ќерка е нешто друго. За што точно се работи, сè уште не се знае.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја поврза војната во Иран со…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја поврза војната…
Иран тврди дека два танкера налетале на…
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека два нафтени…
ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Убедливо…
Првичните резултати на Државната изборна комисија од…
Нови протести во Париз пред обраќањето на…
По мирното утро, улиците на Париз повторно…
Немирите се шират низ Италија, малолетници се…
Мирните протести во Италија против високите трошоци…