Објавено на:

Русија и Белорусија продолжуваат со вежбите на нестратешките нуклеарни сили

t

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека започна втората фаза од вежбите на нестратешките нуклеарни сили на Русија и Белорусија. Тие вежбаат подготовки за борбена употреба на нуклеарно тактичко оружје.

Од Министерството за одбрана соопшти дека во рамките на втората фаза од вежбите на нестратешки нуклеарни сили, припадниците на ракетните сили на воениот округ Ленинград вежбаат подготовки за употреба на ракети „Искандер“, додека морнарицата вежба на подготовка на бродови за употреба на крстосувачки ракети и патролирање.

– Припадниците на ракетната формација на Ленинградскиот воен округ вежбаат борбени задачи за набавка на специјална муниција за оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“, натоварување на носачот на ракети и тајно се движат во одредената област за лансирање ракети – стои во соопштението на Министерството за одбрана што го пренесе каналот „Телеграм“.

Екипажот на поморските бродови кои учествуваат на маневрите ќе вежбаат вооружување на бродовите со „специјални боеви глави за крстосувачки ракети за поморски операции“ и излегување во одредени области за патролирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…