Објавено на:

Кој сака реприза? Германија ќе го враќа задолжителното служење војска

t

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска се очекува да ги претстави своите планови за нов модел на воена служба, јави ДПА.

По брифирањето на собраниската комисија за одбрана, тој планира попладнево на прес-конференција да ги изнесе своите предлози. Писториус рече дека поддржува некаква форма на регрутирање, барем до одреден степен – контроверзно прашање во Германија.

Задолжителната воена служба во Германија практично беше укината во 2011 година, иако германскиот закон содржи правила според кои луѓето можат да бидат регрутирани во случај на војна или други видови тензии.

Лан бројот на војници се намали на 181.500 и покрај напорите да се регрутираат доброволци.

Министерот за одбрана Писториус нареди анализа на различни модели на регрутирање во вооружените сили. Тој во парламентот рече дека Германија не може да се потпре само на доброволци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…