Три дена до крајот на школската година, основците со скратени часови поради жештините
Учениците во основните училишта во земјава денеска и утре со скратени часови бидејќи наставата се одржува во услови на топлотен бран, невообичаен за овој дел од годината. До крајот на учебната година им останаа уште три работни дена.
Скратената настава е одговор на барањето на родителите кои реагираа дека во училиштата нема услови за работа и повикаа годинава порано да се заврши со наставата.
Од Министерството за образование и наука претходно информираа дека не може да се стави крај на учебната година бидејќи со закон е пропишано таа да трае 180 дена и повикаа граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита од топлото време кои се согласни со оние на Центрите за јавно здравје.
Оваа учебна година основците и средношколците за прв пат имаа пролетен распуст кој траеше од 26-ти април до 6-ти мај.
Поради тоа и крајот на учебната година се одложи до 17-ти јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…
Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Инкасатор од Свети Николе затаил 82.000 денари…
62-годишен вработен во „Комуналец“-Свети Николе ќе одговара…
Украински разузнавачи: „Руските ресурси за војна може…
Руските ресурси за војна може да ѝ…
Трамп објави нова мапа на Truth social:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели мапа…