(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да одлучи дали ќе ѝ помагаме на Украина на фронт
Сиљановска ќе почека да се формира новата Влада, па ќе го изнесе ставот за испраќање на оружје и војска во Украина. Ова денеска го изјави претседателката на прес-конференција за медиумите, а по новинарско прашање на Инфомакс.
– Ве молам да почекате за одговорот, бидејќи јас постојано повторувам дека одлуките за водењето на меѓународната политика треба да бидат заеднички. Исто така јас очекувам да се формира Владата идната недела, да видам кој ќе биде министер за народна одбрана, да видам исто така кој ќе биде министер за надворешни работи и мислам дека секогаш треба да настапуваме како дуо, не во дуел, особено во безбедносната и надворешната политика. Инаку, ако нешто ви значи и на самитот во Берлин ние се однесувавме и настапувавме во духор на европската надворешна и безбедносна политика, рече Сиљановска.
Целата прес-конференција можете да ја проследите во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…