Најавените инвестиции во енергетиката: ветар во едрата на буржоазијата, празни џебови за граѓаните

t

Уште не седнат во фотелјата, следејќи го примерот на неговите претходници – послушници на странски амбасади, Мицкоски почна да ги распродава природните ресурси! Имено, на Форумот за енергетика (МФЕ), мандатарот за нова Влада, помпезно најави можност за странските компании да ги користат енергетските капацитети на Републиката, од кои наместо граѓаните, повторно ќе профитираат инвеститорите! – велат од Левица.

– На Форумот организиран од Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Фондацијата Отворено Општество – Западен Балкан (Сорос) во Скопје, под наративот за „инвестиции во енергетиката”, „зелена чиста енергија”, или „заштита на животната средина”, мандатарот за нова Влада, наместо државни инвестиции, најави инвестиции во енергетиката на компании кои доаѓаат од земјите на ЕУ и НАТО.

Најавените странски инвестиции не обезбедуваат, речиси, никакви нови вработувања, нема да влијаат на зголемувањето на стандардот на обичниот човек, ниту пак ќе повлијаат на намалувањето на цените на енергенсите. Ваквата политика овозможува странски монопол на ресурсите за обновливи извори на енергија со кои ќе раководат приватните компании што доаѓаат од оваа група земји, а што дополнително ја зголемуваат енергетската зависност на Македонија, ставајќи го интересот на граѓаните повторно во подредена положба.

Енергенсите како фактор се неопходни за развојот на економијата и индустријата! За државата да може да го помага и насочува нивниот развој, мора целосно да располага со нив. Затоа Левица останува на ставот дека државата е единствениот фактор кој може и треба да располага со природни (заеднички) ресурси и тоа, исклучително, за народниот интерес. – велат од партијата Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…