(Видео) Со денови гори депонијата близу Кочани – градот се гуши во чад и смрдеа
Повторно гори депонијата во Кочани, јавуваат читатели на Инфомакс кои направија фотографии од депонијата. Жителите на Кочани се жалат дека депонијата речиси без прекин гори веќе повеќе од еден месец, со исклучок на неколку денови кога пожарот бил изгасен.
Поради проектот кој што е воден од Министерство за животна средина за изградба на регионална депонија во Општина Свети Николе во меѓувреме на Градската депонија во Кочани се депонира комунален отпад од страна на комуналните претпријатија на Општина Кочани, Општина Зрновци, Општина Виница и Општина Чешиново-Облешево се додека не се изгради регионалната депонија.
Бидејќи во минатото на Градската депопонија во Кочани се депонираше околу 60 000 м3 отпад, а сега се депонираат дополнителни 30 000 м3 отпад од останатите општини, КЈП „Водовод” Кочани нема предвидено јавна набавка за течен препрат (алги) туку има предвидено јавна набавка за оддржување на Градската депонија со тешка механизација. Ова подразбира набавка на услуга со багери и булдужери од страна на градежна компанија која услуга се користи сукцесивно согласно потребите и се однесува на бутање на отпадот и затрупување со земја.
Во оградениот простор на Градската депонија постојано неовластено престојуваат поголем број на лица (од 10 до 40), а меѓу нив често престојуваат и деца. Поради тоа што постојат индиции и основи на сомнение дека пожарите се намерно подметнати од страна на овие лица, КЈП „Водовод” Кочани има поднесено повеќе известувања и пријави до МВР ОВР Кочани и Центарот за социјални работи во Кочани и по истите сеуште нема добиено никаков одговор.
Градската депонијата кај село Бели, Кочани со месеци гори, воздухот е екстремно загаден, мириса на изгорена пластика, Кочанчани се изложени на тешки хемикалии во воздухот и опасност по нивното здравје.
Либерално демократска партија побара одговорност од локалните власти и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој во својата предизборна програма ветуваше дека градската депонија ќе се затвори и конзервира, а на нејзиното место ќе изгради еко-парк.
Сегашните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори 2021 постојано се снимаа, сликаа и вклучуваа во живо од градската депонија како тие наводно се грижат за здравјето на Кочанчани, а сега од позиција на власт во Кочани немаат мрднато со прст за горењето на депонијата и продолжуваат да пропагираат квази-патриотизам без да ги решаваат локалните проблеми.
Либерално демократска партија ги повикува сите граѓани без разлика на својата политичка или било која друга определба заедно да излеземе на протест против тровењето на Кочанчани.
Да се избориме за чисто и здраво Кочани, за чист воздух, за наше Кочани и за нашите деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…