Зеленски: Си ми вети дека Кина нема да и продава оружје на Русија
Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор му ветил на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Кина нема да и продава оружје на Русија, изјави денеска Зеленски. Тој зборуваше на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Џо Бајден на самитот на Г7 во Италија, при што не прецизираше кога се случил разговорот со Си.
Последниот јавно познат телефонски разговор меѓу Зеленски и Си беше во април 2023 година, единствен таков повик од почетокот на руската инвазија. „Имав цврст разговор со лидерот на Кина. Тој рече дека нема да ѝ продава никакво оружје на Русија. Ќе видиме дали е човек достоен за почит“, рече Зеленски.
Бајден се огласи додека Зеленски го завршуваше својот говор, велејќи: „Патем, Кина не испорачува оружје, туку способност да го произведува тоа оружје и достапната технологија за тоа, така што всушност и помага на Русија“. Зеленски рече дека ако Киев и Кина имаат исти ставови за мирот, може да има дијалог меѓу нив и дека ако Пекинг има алтернативен став, може да подготви алтернативна „формула за мир“.
Украинскиот лидер ја промовираше својата визија за мир во Украина, која ја нарекува своја „формула за мир“. Овој викенд Швајцарија би требало да биде домаќин на меѓународни делегации од десетици земји и организации на самитот што ќе се обиде да го приближи мирот во Украина.
На крајот на минатиот месец Кина соопшти дека нема да учествува на мировната конференција за Украина организирана од Швајцарија.
Околу 40 шефови на држави и влади, заедно со делегации од 90 земји и организации, се очекува да присуствуваат на самитот викендов во одморалиштето Бургенсток на езерото Луцерн. Русија не беше поканета и го отфрли настанот како западна пропаганда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…
Белата куќа побарала од Пентагон и од…
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…
Дете претепано во тоалет од основно училиште
На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…
Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…