Циркус МЕДРАНО: Бендевска се заколна во РС Македонија , Милошоски бил болен, ќе се заколне друг пат
Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се новите потпретседатели на Собранието. За нив гласаа мнозинство од пратениците откако претходно на собраниската Комисија за избори и именувања тројцата беа утврдени како потпретседателски кандидати, пренесува МКД.мк.
За Антонијо Милошоски гласаа 69 пратеници, за Јован Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Весна Бендевска гласаа 70 пратеници.
Од тројцата нови потпретседатели заклетва дадоа само двајца, Митрески и Бендевска. Како што кажа претседателот на Собранието, Африм Гаши, Милошоски бил болен и затоа не беше присутен на седницата на која беше избран за заменик на претседателот на Собранието.
Гаши заклетвата дека потпретседателите при вршење на функцијата ќе го почитуваат Уставот и законите на Македонија ја читаше на македонски јазик и го употреби уставното име Северна Македонија. По него повторуваше и пратеникот на СДСМ, Јован Митрески изговорајќи го уставното име на државата.
Но тоа не го стори и Бендевска. Додека ја даваше заклетвата таа се обврза дека ќе ги почитува Уставот и законите на РС Македонија.
Претходно на инаугурацијата за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова во заклетвата изговори само Македонија, без придавката Северна, но и без зборот Република.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова
Министерството за внатрешни работи распиша централна и…
Тенеси може повторно да се обиде да…
Само една недела откако Криста Пајк преживеа…
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…
Европа отвора нови рудници – Македонија сè…
Бакарот станува една од клучните суровини во…
Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…