Израелската армија продолжува со нападите врз Газа, додека растат тензиите на границата со Либан
Израелската армија денеска продолжи со нападите врз Појасот Газа, особено централниот дел на опколената палестинска територија, во време кога нема напредок во мировните преговори со екстремистичкиот Хамас и додека расте тензијата на северната граница на Израел со Либан.
Во болницата „Ал Акса“ во градот Деир ал Балах во центарот на Газа, луѓето се собраа околу телото на 11-годишното момче кое беше убиено во бомбардирањето на блискиот бегалски камп Буреиџ.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска потврдија дека војниците ги продолжуваат операциите во центарот на Газа, каде воени авиони погодија група екстремисти и „екстремистичка структура“ во областа Зејтун.
Исто така, соопштено е дека артилерија и авиони го гаѓале местото од кое синоќа беа истрелани проектили од северна Газа кон јужен Израел. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паланчани во сабота излегуваат на протест против…
Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега…
Трамп: На САД не им е потребна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…