Левица: Здравствениот систем се распаѓа, здравствените работници се експлоатирани и понижени
Здравствениот систем се распаѓа, здравствените работници се експлоатирани и понижени, велат од политичката партија Левица.
– Последната хаварија на Државна болница ги затвори операционите сали, а пациентите се препраќаат во „8 Септември“ или во Градска болница за операции, додека, пак, здравствените работници се максимално експлоатирани и понижени. Партиските министри кои ги следат мал милион коруптивни скандали, во колектив со нивните партиски подредени кадри, управувајќи го државното здравство, овој клучен државен ресор го донесоа до целосен крах!
Освен што овие болници се преполни и со ограничени ресурси, најголемиот товар го носат здравствените работници кои треба да им помогнат на пациентите! Докторите и медицинскиот персонал работат прекувремено во смени, додека менаџментот наместо да го олесни процесот на работа, тие се извор на бројни проблеми, со што ги принудуваат здравствените работници сами да се организираат, како би успеале на што повеќе пациенти да им ја дадат неопходната здравствена заштита.
Македонија, речиси, има заборавено кога последен пат имала Министер за здравство кој работел во интерес на државното здравство. Најголем дел од нив биле дел од некоја криминална афера, почнувајќи од осудениот Димов, често обвинуваните во јавноста за корупција, Тодоров и Филипче, како и Арбен Таравари кој за ВМРО ДПМНЕ, иако претходно беше најлошиот министер, сега во името на партискиот интерес, ќе го поддржат да се врати на истата фунција.
Од целиот овој „менаџмент“, единствено, здравствените работници се експлоатирани и понижени. Сето ова зачинето со фаворизацијата и вработувањето на партиски кадри во јавното здравство, каде платите на највредните не се разликуваат од оние што најмалку работат, се само дел од причините зошто голем дел од стручниот кадар одлучи да замине и да работи во странските болници!
Поради продолжувањето на ваквото катастрофално владеење во здравствениот сектор, Македонија ќе остане и без оној мал дел на доктори, медицински персонал и здравствени работници, кои посветено се грижат за секој пациент, носејќи го товарот на лошото управување секој ден. Сметаме дека тенденциозното уништување на јавното здравство е чисто партиска политика, кое заради зголемување на профитите на приватниците, ги остава без никаква здравствена заштита луѓето со најниски економски примања.
Левица дава поддршка на здравствените работници кои неуморно работат за да ни обезбедат здравје и најавува институционална борба против сите оние кои го доведоа јавното здравство до овој степен на руина! – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…