Шолц: Не исклучувам можност повторен контакт со Путин
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не ја исклучува можноста за повторен контакт со рускиот лидер Владимир Путин.
„Отсекогаш сум велел дека повторно ќе разговарам со него, но потребно е вистинскиот момент. Треба да имаме за што да разговараме за да има смисла“, рече тој.
Според него, преговорите имаат смисла кога има конкретна тема за која треба да се разговара, што е токму причината што досега немало никаков контакт.
Да потсетиме, Путин вчера изјави дека, за да започнат мировните преговори, Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони и да се откаже од намерата да влезе во НАТО.
Во Швајцарија денеска почнува дводневен мировен самит за Украина на кој ќе учествуваат 100 делегации од целиот свет, но без учество на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
ОЛАФ предупреди за шверц на цигари во…
Црна Гора е една од земјите вклучени…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…