Зголемен е бројот на разводи во Македонија

t

Секој седми брак во Македонија завршува со развод, Во последните години во Македонија драстично е зголемен бројот на разведени бракови и годишно тој број е повеќе од 2000, што е трикратно зголемување, споредено со период од пред три децении.

„Во Македонија просекот е некаде околу 14000 склучени бракови, на две илјади и нешто разведени бракови. Така да секој седми брак се разведува.Но потенцијалот за зголемување на бројот на разведени бракови во Македонија е голем. Очекувам и во наредниоот период да има зголемување на разведени бракови“, вели Дејан Мицковиќ-професор по семејно и наследно право.

Со промена на социјалните прилики, се предлага и изработка на граѓански законик, во рамките на кој ќе бидат опфатени и семејно-правните односи, односно се предлага реформа на брачното и родителско право.

„Ќе имаме сериозна реформа на вршењето на родителското право по разводот на брак. И како и во другите европски земји ќе воведеме модел на поделено родителство. Поделено родителство значи дека родителите и по разводот на брак ќе имаат еднакви права и обврски кон децата и заеднички спогодбено ќе го вршат родителското право“, додава Мицковиќ.

Во Македонија се уште има застарени законски решенија велат професорите.

„Нужно ни се потребни реформи во нашето законодавство, особено во приватното право. Граѓанското право е заборавено.Ако погледнете, сите се држат за јавното право за јавната сфера за корупцијата, обвинтелството, судство. Но граѓаните и индивидуите се заборавени. Затоа она што државата и новата Влада треба да направат е да се сврти кон граѓаните и после 13 години да биде донесен граѓанскиот законик на Македонија кој ги уредува на односите на граѓаните од нивното раѓање до смртта“, рече Анѓел Ристов-професор.

Споредено со европскиот просек бројот на разводи во Македонија е се уште на ниско ниво.Во ЕУ според податоци на Еуростат минатата година биле склучени 2 милиони бракови, а се развеле половина од нив, односно 1милион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…